Достапни линкови

Нетанјаху со закана до Хамас ако не го прифати примирјето


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека доколку Хамас го одбие планот на Египет за прекин на огнот, Израел ќе ја зголеми офанзивата против Газа. Коментарот на Нетанјаху доаѓа неколку часови по прифаќањето на предлогот од израелскиот Парламент. Нетанјаху изјави дека Хамас веќе го одбил примирјето и доколку продолжат ракетните напади од Газа, Израел ќе има право според меѓународните закони да ја прошири воената активност.

XS
SM
MD
LG