Достапни линкови

Утре во Брисел донаторска конференција за Србија и БиХ


Во Брисел утре ќе биде одржана Донаторска конференција за последиците од катастрофалните поплави во Србија и Босна и Херцеговина.

Најавено е присуство на меѓународни институции и организации од Европа и од светот, како и на претседателот на Србија Томислав Николиќ и претседавачот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ.

Домаќин на собирот, кој се одржува под мотото „Да изградиме повторно заедно“ е Европската комисија, а коорганизатори се Франција и Словенија.

XS
SM
MD
LG