Достапни линкови

Ирачките владини сили го нападнаа Тикрит


Ирачките сили денеска започнаа напад врз Тикрит со цел да ја вратат контролата врз градот кој го окупираа сунитските милитанти на „Исламската Држава“ која претходно се наречуваше „Исламска Држава Ирак и Левант“.

Според ирачките власти, владините сили напредувале од јужната страна и ги ставиле под контрола владините згради, болницата и полициската академија.

Денеска инаку ирачкото Собрание во Багдад треба да избере нов претседател на Парламентот, претседател и премиер.

XS
SM
MD
LG