Достапни линкови

Обама го поздрави предлогот на Египет за примирје


Американскиот претседател Барак Обама го поздрави предлогот на Египет за прекин на огнот со кој треба да се стави крај на тешките борби меѓу Израел и милитантите на Хамас во појасот Газа. До коментарот на Обама дојде на годишната Ифтар вечера во Белата куќа што се приреди по повод одбележувањето на светиот месец Рамазан. Обама изјави дека се надева оти планот ќе доведе до смирување на ситуација што е можно поскоро. Државниот секретар на САД Џон Кери денеска треба да пристигне во Каиро на разговори со египетски официјални лица за ситуацијата. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху планира да го свика неговиот кабинет да разговара за предложеното примирје. Палестинскиот претседател Махмуд Абас го поздрави предлогот. Најмалку 180 Палестинци, повеќето од нив цивили, се убиени во израелските напади.

XS
SM
MD
LG