Достапни линкови

Јужна Африка-Почина нобеловата лауреатка Надин Гордимер


Надин Гордимер

Надин Гордимер

Јужноафриканската писателка и добитник на Нобелова награда, Надин Гордимер, која помогна во откривањето на неправдите во апартхејдот почина на 90 годишна возраст. Писателката, која наградата за литература ја доби во 1991 година починала мирно во сон во нејзиниот дом во Јоханесбург. Романите на Гордимер се преведени на 40 јазици и објавени низ целиот свет. Најголем дел од нејзините приказни се за љубовта, омразата и пријателството за време на апартхејдот.

XS
SM
MD
LG