Достапни линкови

logo-print

Иванов-Македонија останува посветена на ЕУ и НАТО


Претседателот Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов на средбата со помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Викторија Нуланд истакнал дека Македонија останува целосно посветена на евроатланската интеграција. Според соопштението, Иванов побарал американска поддршка и ангажман во однос на овие цели.

Нуланд изјавила дека Македонија може да смета на поддршката од САД во реализацијата на стратешките цели и апелирала сите политички лидери во земјата да работат на натамошно јакнење на довербата. Нуланд во меѓувреме оствари средба и со министерот за надворешни работи Никола Попоски.

XS
SM
MD
LG