Достапни линкови

Откупот на пченица во прилепско со проблеми


Прилепските земјоделци се жалат на помала откупна цена, откуп на пченица на „црно“ и на проблеми со мелничарите.

Непочитување на договорените откупни цени од 11 до 13 денари, откуп на житото на „црно“ наместо во мелничко-преработувачки капацитети и проценки на високи примеси во реколтата, што уште повеќе ја намалува откупната цена. Ова се проблемите со кои се соочуваат прилепските земјоделци, производители на лебно зрно, во оваа откупна кампања. Велат дека реколтата е со добар квалитет, дека без проблем во присуство на претставници од Министерството за земјоделство се договорени откупни цени, а сега ситуацијата на терен е застрашувачка, на штета на производителите.

Ние како земјоделци бараме, во соработка со Министерството за земјоделство да се формира независна комисија и во лабораторија, да се утврдува квалитетот на пченицата.

„Тоа од 5 до 8 отсто е оваа година, штета само на земјоделецот, затоа што имаме добра пченица, чиста пченица и во никој случај ние немаме примеси во пченицата од 5 до 8 отсто. За овој случај ние како земјоделци бараме, во соработка со Министерството за земјоделство да се формира независна комисија и во лабораторија, да се утврдува квалитетот на пченицата и хектолитарската тежина“, вели Перо Стојкоски од регионалниот земјоделски сојуз „Клас“ од Прилеп.

Перо Стојкоски од регионалниот земјоделски сојуз „Клас“ од Прилеп.

Перо Стојкоски од регионалниот земјоделски сојуз „Клас“ од Прилеп.

Производителите на пченица бараат од државата да им овозможи бесплатно сместување на житото во силосите од сладарницата. Само така велат ќе ги избегнат проблемите со мелничарите. Поради недоволен капацитет во домашните амбари тие се принудени да го предаваат родот на „дивите откупувачи“ кои вршат нелегален откуп речиси во секое село, по ектремно ниски цени од 9 и 10 денари. А, кога би го сместиле родот во силосите, ќе може без страв, да го предаваат житото, а мелничките фирми при тоа нема да ги уценуваат. Ќе се постигне во секој случај велат, многу порегуларна цена.

Сето она што ќе се договори и рамката во која ќе се договориа, а исплатата ќе биде испочитувана од Жито Прилеп.

Од друга страна во најголемиот прилепски откупувач, „Жито Прилеп“ во тек се подготовките за оваа откупна кампања. Се уште не е утврдено по кои цени ќе се врши откуп, бидејќи дополнително ќе се прават анализи за квалитетот на житото, во лабораторијата на фирмата.

„Сето она што ќе се договори и рамката во која ќе се договориа, а исплатата ќе биде испочитувана од Жито Прилеп. Очекуваме да биде 30 отсто од договорената цена, да биде во рок од 7 дена, а останатото можеме да се договориме да биде од 30 до 60 дена, распоредено и исплатено. Жито Прилеп оваа година, ги има обезбедено средствата за исплата на пченицата“, изјави Даниел Станоески, директор на Жито Прилеп.

Според проценките за потребите на фирмата ќе се откупат околу 3.000 тони жито, но не е исклучена можноста по конкуретски цени да се увезат и дополнителни 500 тони, квалитетна бела пченица, од соседните балкански држави, неопходни за производство на леб и бели печива.

  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG