Достапни линкови

logo-print

Украинските сили напредувале кај Луганск


Украинските сили, поддржани од борбени авиони, како што е соопштено во Киев, успеале да ја пробијат блокадата на аеродромот кај Луганск. Украинската војска соопшти дека воздушните напади им нанесле големи загуби на проруските сепаратисти, вклучително и на вооружениот конвој за кој Украина вели дека влегол во земјата од Русија. Во меѓувреме, рускиот весник „Комерсант“ цитира извор близок до Кремљ кој вели дека Москва разгледува одмазнички напади против Украина откако една граната од украинска територија убила еден цивил на руската страна од границата. Украина ги отфрли обвинувањата дека нејзини сили ја истрелале гранатата.

XS
SM
MD
LG