Достапни линкови

Американскиот заменик државен секретар за Европа и за Евроазија, Викторија Нуланд денеска во Скопје на средбите со државниот врв и лидери на политички партии, како што соопштија од Стејт департментот, разговара за евроатлантскиот пат на Македонија, како и за други прашања од заеднички интерес. Таа во Дубровник со порака до балканските лидери дека корумпирани политичари ја уриваат демократијата, ја задушуваат опозицијата и ги ограбуваат граѓаните.

Нуланд пристигна во Скопје. На средби со државниот врв доаѓа во време кога Македонија се наоѓа во длабока политичка криза, отсуство на политички дијалог меѓу власта и опозицијата, но и тензична меѓуетничка атмосфера. Покрај прашањата за евроатлантските интеграции, стратешкото партнерство и билатералните односи меѓу двете земји, домашната јавност очекува тема на разговори да биде и актуелната политичка ситуација во земјава.

И тоа спаѓа во клучните прашања, оти со години се поткопува тој важен столб, столбот на меѓуетничките односи за да се сокрие, да се маскира криминалот.

„И тоа спаѓа во клучните прашања, оти со години се поткопува тој важен столб, столбот на меѓуетничките односи за да се сокрие, да се маскира криминалот“, вели универзитетскиот професор Мерсел Биљали.

Секаде има корумпирани политичари, кои сепак државата ги гони, кај нас имаме корумпирани политичари кои ја моделираат државата.

Посетата е во рамките на нејзината турнеја на земјите од регионот и Европа, а која почна во петокот со Форумот во Дубровник за Западен Балкан и трансатлантските односи. Токму од таму, Нуланд испрати сериозна порака од Соединетите Држави за балканските лидери, нарекувајќи ги корумпирани политичари кои ја уриваат демократијата на Балканот и се служат со политички, економски и судски закани за да се задуши опозицијата и да ги ограбат граѓаните. Оваа порака, вели Биљали, во никој случај не ги исклучува македонските лидери.

„Најмногу се однесува на нас, оти ние сме практично симбол на тоа што не значи владеење на правото, што не значи правна држава, што значи криминално се води државата“, вели Биљали.

Според Нуланд, Европа не може да биде слободна кога изборите се манипулираат, кога слободните медиуми замолчуваат и кога малцинствата се под закана, став кој, според Биљали, е оправдан и недвосмислено директен.

„Секаде има корумпирани политичари, кои сепак државата ги гони, кај нас имаме корумпирани политичари кои ја моделираат државата“, вели тој.

Биљали вели дека средбата нема да ги заобиколи прашањата за македонските евроинтеграции и спорот за името како главен предуслов за влез во евроатланските структури, иако е убеден дека актуелната власт нема да го реши ова прашање па дури и под притисок на меѓународната заедница.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG