Достапни линкови

Во Иран затвор за пораки на Фејсбук


Иранскиот Револуционерен суд осудил осуммина млади луѓе на казна затвор од 11 до 21 година за антирежимски пораки постирани на Фејсбук. Државната новинска агенција ИРНА јави дека тие дејствувале против националната безбедност, вршеле антидржавна пропагнада и ги навредувале верските вредности и иранските лидери. Пристапот до социјалните мрежи како Фејсбук и Твитер се строго филтрирани од иранските власти. Претседателот Хасан Рохани вети дека ќе биде потолерантен спрема социјалните мрежи.

XS
SM
MD
LG