Достапни линкови

Кери на средба со шефот на иранската дипломатија Зариф


Американскиот државен секретар Џон Кери денеска ќе се сретне со шефот иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф во Виена каде што досега не е постигнат напредок во разговорите за контроверзната иранска нуклеарна програма. Од Стејт департментот се дознава дека Кери бил подготвен да помогне во постигнување решение. Министрите за надворешни работи на Британија, Франција и Германија ја напуштија Виена откако вчера извршија уште еден притисок врз Иран за да ги спроведе клучните отстапки. Шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг изјави дека и натаму постои широк јаз во врска со иранската програма за збогатување ураниум.

XS
SM
MD
LG