Достапни линкови

Палестинците бараат заштита од ОН


Појасот Газа

Појасот Газа

Палестинскиот претседател Махмуд Абас побара од Обединетите нации да му даде меѓународна помош на неговиот народ поради засилената израелска офанзива во Појасот Газа. Абас синоќа имаше состанок со пратеникот на генералниот секретар на Обединетите нации по што изјави дека очекува натамошно влошување на ситуацијата. „Оваа агресија мора веднаш да биде прекината“, рече Абас. Израелската војска изутрината го бомбардираше Појасот Газа, седми ден од операцијата против ракетните напади на палестинското радикално движење Хамас. Од почетокот на израелската офанзива загинале над 160 палестинци, а околу илјада биле ранети. Судирите почнаа по убиството на три израелски момчиња, по што беше убиен еден палестински тинејџер.

XS
SM
MD
LG