Достапни линкови

Лидерите од регионот на средби во Цавтат и Дубровник


Бизнис и политички лидери од Југоисточна Европа денеска во Цавтат ќе учествуваат на бизнис собирот „Самит 100 - Договор за новото време“. На форумот во Цавтат ќе просиствуваат и дел од претседателите на земјите од Југоисточна Европа, кои утре во Дубровник ќе учествуваат на состанокот „Брдо-Бриони“. На годинешниот собир покрај претседателите на Хрватска, Македонија, Албанија, Косово, Словенија, Србија, Црна Гора и сите тројца членови на Претседателството на БиХ, како гостин ќе учествува и германската канцеларка Ангела Меркел.Тема на состанокот е политичката ситуација и односите во регионот, продолжување на политиката на проширување на ЕУ, како и клучните инфраструктурни проекти во ЈИЕ.

XS
SM
MD
LG