Достапни линкови

Персоналот на ОН во Либија времено преместен


Меѓународниот персонал кој работи за Обединетите нации во Либија привремено е преместен по силните борби меѓу спротиставените бунтовници. Најмалку седум луѓе се убиени во борбите за преземањето на контролата на либискиот главен аеродром во Триполи. Портпаролот на ОН потврди дека нивните вработени се преместени, но не даде дополнителни детали. Ако безбедносната ситуација продолжи да се влошува извори од ОН не ја исклучуваат можноста да го преместат целиот меѓународен персонал останат во Либија кој веќе бил значајно намален.


XS
SM
MD
LG