Достапни линкови

Палестинците го напуштаат појасот Газа


Илјадници Палестинци го напуштија северниот дел од појасот Газа откако Израел предупреди за своите планови за продолжување на воената офанзива во регионот. Израел ја започна офанзивата на осми месецов, како што соопштија во одговор на силниот ракетен оган од појасот Газа контролиран од Хамас. Војската соопшти дека спровеле повеќе од 1300 воздушни напади додека палестинските бунтовници фрлиле повеќе од 800 ракети кон Израел. Палестинското министерство за здравство објави дека во Газа биле убиени 166 луѓе меѓу кои и цивили. Од страната на Израел пак нема фатални последници освен тоа што се повредени неколку луѓе. Според агенцијата за бегалци на Обединетите нации околу 17 000 Палестинци се во специјални прифатилишта. Меѓународната заедница, вклучувајќи ги и сојузниците на Израел почнаа да изразуваат загриженост за растечкиот број на цивилни жртви.



XS
SM
MD
LG