Достапни линкови

Москва му се закани на Киев откако еден човек беше убиен на руска територија


Москва му се закани на Киев со последици откако еден човек во Русија беше убиен од бомба фрлена наводно од Украина. Според портпаролот на Кремљ претседателот Владимир Путин изразил длабока загриженост за инцидентот. Киев пак ги отфрли обвинувањата дека нивни сили ја фрлиле бомбата преку границата нарекувајќи ги целосно бесмислени. Украинските власти посочија дека за инцидентот би можело да бидат одговорни проруските сепаратисти во обид да испровоцираат интервенција на Москва на нивна страна. Бунтовниците ги негираа ваквите наводи.

XS
SM
MD
LG