Достапни линкови

Нуланд во посета на Македонија


Американскиот заменик државен секретар за Европа и за Евроазија, Викторија Нуланд денеска е во посета на Македонија. Таа ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски, министерот за надворешни работи Никола Попоски и со лидери на политички партии. На средбите како што соопштија од Стејт департментот ќе се разговара за евроатлантскиот пат на Македонија, како и за други прашања од заеднички интерес. Од кабинетот на министерот Попоски пак најавија дека ќе и ја пренеле пораката за посветеноста на Македонија во процесот на разговори со Грција. Инаку посетата на Нуланд е во рамките на нејзината турнеја на земјите од регионот и Европа, која почна со Форумот во Дубровник за Западен Балкан и трансатлантските односи, а продолжи со посетите на Подгорица, Тирана, Приштина и Белград. Следниве денови американската политичарка ќе престојува во Лондон и Брисел.

XS
SM
MD
LG