Достапни линкови

Во Македонија ден на жалост поради загинувањето на четворицата пилоти


Денеска во Македонија е ден на жалост поради хелихоптерската несреќа во која загинаа четворицата припадници на Министерството за внатрешни работи. Искусните пилоти Драги Мицев, Иљо Лопатички, Маријан Трајковиќ и Тоде Орешков загинаа откако полицискиот хелихоптер МИ-17 во четвртокот доцна вечерта падна во близина на струмичката индустриска зона „Север“. Според првичните информации на МВР хелихоптерот се урнал откако удрил во столб на Македонската радиодифузија, но формирана е посебна комисија што треба целосно да го расветли случајот. Владата на седницата во саботата одлучи 14 јули да се прогласи за ден на жалост.

XS
SM
MD
LG