Достапни линкови

Германија шампион


Германија е новиот светски шампион. Во финалниот дуел на Светското првенство во Бразил „панцирите“ беа подобри од Аргентина со 1-0 со голот на Марио Геце постигнат дури во второто продолжение, во 113 минута, откако натпреварот заврши без голови по регуларните 90 минути. Ова е четврта шампионска титула на Германија, по оние од светските првенства во 1954 во Швајцарија, 1974 година на домашен терен и во 1990 година во Италија. Со тоа Германија стана првата европска држава што станала шампион на светско првенство што се одржува на американскиот континент.

XS
SM
MD
LG