Достапни линкови

Папата Френцис бара решенија за свештеничкиот целибат


Папата Френцис изјави дека нивото на педофилија меѓу католичкото свештенство е околу два отсто и го осуди како "лепра" во рамките на црквата. Во интервју за италијанскиот весник Ла република, папата исто така вети "решенија" во врска со прашањето на свештеничкиот целибат. На прашањето дали на свештениците еден ден би можело да им се дозволи да се оженат, папата истакна дека целибатот бил воспоставен пред 900 години, но дека на свештениците им е дозволено да стапат во брак во некои цркви на истокот под туторство на Ватикан.

-Тоа е дефинитивно проблем, но не е најголемиот. За ова треба време, но постојат решенија и јас ќе ги најдам, изјави папата Френцис, без да даде натамошни детали.

XS
SM
MD
LG