Достапни линкови

logo-print

Ердоган: Ако некој ги допре Бошњаците, ќе има против себе 100 милиони Турци


Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган на предизборен митинг изјави дека секој што на некаков начин ќе им наштети на Бошњаците, ќе има против себе си 100 милиони Турци. Тој истакнал дека Османската империја во минатото и ги предала своите браќа без никаква заштита на Австро-Унгарија и тоа Турците не можат никогаш да си го простат. Изјавата на Ердоган беше остро осудена од претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој истакна дека „Бошњаците живеат слободно во цела Босн и Херцеговина, а заканата на Ердоган се смета како мешање во внатрешните работи на земјата и давање сила на бошњачките политички партии да бидат уште поактивни и агресивни кон останатите партии во Босна и Херцеговина“.

XS
SM
MD
LG