Достапни линкови

logo-print

Лев со репрезентацијата сака да влезе во историјата


Пласманот на Германија во финалето на Светското првенство во Бразил дава можност оваа репрезентација со евентуален триумф да испише нова страница во фудбалската историја смета селекторт на Германија, Јоаким Лев. На светските првенства досега одржани на американските континетни (Јужна Америка и Северна и Средна Америка) не победила европска репрезентација.

- Знаеме дека можеме да влеземе во историјата. На овој континент доминираат репрезентациите од Јужна Америка. Зошто ние да не бидеме први, кои ќе ја прекинат таа традиција. За нас ќе биде дополнителна радост ако станеме светски прваци како Европјани во Јужна Америка, изјави Лев.

Селекторот на Аргентина пак, Алехандро Сабеља во пресрет на финалето изјави:

- Во нашата земја многу е важно да се стане шампион. Во финалето со Германија ќе мора добро да го пополиме просторот и да не ризикуваме многу во играта со топка. Мора да одиграме совршен натпревар за конечен триумф. Посебна мотивација за играчите не е потребна.

XS
SM
MD
LG