Достапни линкови

Одложена седницата на ирачкиот парламент


Ирачкиот парламент ја одложи седницата за 15 јули, откако истата траеше само 30 минути, а на која пратениците сé уште расправаат околу изборот на нов лидер. Привремениот претседател на парламентот Махди ал Хафид ја заврши кратката седница поради непостигнување на каков било договор околу номинираните имиња за трите клучни места. Законодавната власт е под притисок брзо да избере нов спикер на парламентот, претседател и премиер, односно да ги направи првите чекори кон формирање на нова влада за која Ирачаните се надеваат дека може да се соочи со сунитската милитантна офанзива. Новоизбраниот парламент се состана прв пат на први јули, но не успеа да постигне договор за номинации за првите три владини позиции. Премиерот Нури ал-Малики, кој владее со земјата од 2006 година е под голем притисок да се повлече од функцијата.



XS
SM
MD
LG