Достапни линкови

Портпаролот на Златна зора ги обучувал партиските членови да користат оружје


Портпаролот на неонацистичката партија Златна зора, Илиас Касидиарис ги обучувал членовите на партијата како да ракуваат со оружје, утврдија одговорните кои ја водат истрагата. Касидиарис пред неколку дена беше уапсен под обвинение за снабдување со оружје на криминална организација, но пошироката истрага на активностите на партијата открива и други детали. Истражителите соопштија дека 33-годишниот поранешен командос „поседувал оружје со намера да го доставува до членовите и претставници на Златна зора, кои биле обучувани да користат оружје за напад, не на изолирано или индивидуално ниво, туку во контекст на нивниот влез во партијата“.

XS
SM
MD
LG