Достапни линкови

Повредени тројца војници на НАТО во Авганистан


Авганистанските власти велат дека три војници на НАТО се повредени кога автомобил-бомба експлодирал во близина на нивниот конвој во источниот дел на Авганистан. Портпарол на гувернерот на Нангахар провинцијата, изјави дека нападот се случил доцна синоќа. НАТО соопшти дека војниците го убиле напаѓачот и дека немало други жртви. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот. Насилството доаѓа за време на пролетната офанзива на Талибанците. Тие се обидуваат да ја поткопаат владината поддршка од Запад додека странските војници се подготвуваат да се повлечат до крајот на годината.

XS
SM
MD
LG