Достапни линкови

logo-print

Големи разлики во преговорите за иранската нуклеарна програма


САД и Иран предупредија дека големите разлики во разговорите за иранската нуклеарна програма остануваат. Американскиот државен секретар Џон Кери денеска во Виена изјави дека е очигледно оти постојат значителни разлики и оти треба време да се види дали може да се направи одреден напредок.

Кери зборуваше пред состаноците со шефот за надворешна политика на Европската унија, Кетрин Ештон, и други европски министри за надворешни работи кои пристигнаа во австрискиот главен град за да се приклучат на разговорите. Предупредувачките забелешки на Кери беа пренесени од страна на високот ирански преговарач, заменик министерот за надворешни работи Абас Aрачи. Иранската државна телевизија го цитираше Арачи кој вели:

-Не бевме во можност да го намалиме јазот околу главните прашања и се уште не е јасно дали може да се направи тоа, изјави Арачи.

Не бевме во можност да го намалиме јазот околу главните прашања и се уште не е јасно дали може да се направи тоа

Забелешките следуваат откако шесте светски сили и Иран се соочуваат со крајниот рок, 20 јули да се заврши договорот чија цел е Техеран да запре со производството на оружје со збогатен ураниум. Главниот камен на сопнување е збогатувањето ураниум, процес кој може да произведе нуклеарно гориво но, исто така и материјал за производство на нуклеарна бомба.

Висок американски официјален претставник кој присуствуваше на преговорите во Виена изјави дека има одреден напредок во преговорите, но дека за некои прашања Иран има "нефункционални и несоодветни" позиции. Како пример ги наведува неодамнешните изјави на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Камнеи, дека Иран има намера драматично да го зголеми бројот на центрифуги за збогатување ураниум од околу 10.000 оперативни машини сега, на околу 190 000. Шесте светски сили пак бараат остро намалување на овие активности, за кои сметаат дека треба да бидат само “дел” од она што се во моментот.

Друг официјален претставник во Виена, исто така, јасно стави до знаење дека ако нема договор до 20 јули, американскиот Конгрес и претседателот ќе ги задржат своите позиции во однос на Иран и оти е целосно јасно дека сите опции ќе останат отвореи.

Официјалните изјави за Радио Фарда се дека без значителен напредок ќе биде многу тешко да се обнови привремениот договор со Иран постигнат во Женева. Арачи вчера предуреди дека Иран е подготвен да ги напушти преговорите, ако “прекумерните“ барања на Западот направат разговорите да не успеат.

Многу експерти веруваат дека ако Кери не успее да го натера Иран да се откаже од нуклеарната програма, тој ќе му препорача на американскиот претседател Барак Обама да го пролонгира крајниот рок од 20 јули, особено поради тоа што привремениот договор важи до ноември.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG