Достапни линкови

Почнува ревизијата на изборите во Авганистан


Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека дводневните разговори со авганистанските претседателски кандидати во Кабул завршиле со договор за меѓународно надгледувана ревизија на гласачките ливчиња. Кери изјави дека сите 8.000.000 гласачки ливчиња кои биле пребројани од страна на авганистанските официјални претставници на изборите ќе бидат предмет на ревизија. Тој додаде дека и двајцата кандидати се согласиле да ги почитуваат резултатите од ревизијата и дека оној кој ќе биде победник веднаш ќе формира влада на национално единство. Ревизијата треба да почне денеска во Кабул. Гласачките кутии од регионите надвор од Кабул ќе се транспортираат од страна на војниците од Меѓународните сили за помош во безбедноста во Авганистан. Кери истакна дека некои разлики во гласањето вклучуваат наводи за број на гласачки ливчиња над нивото на гласачи во некои авганистански провинции.

XS
SM
MD
LG