Достапни линкови

Директни судири меѓу Хамас и израелската војска


Израелските специјални сили се судрија со борците на Хамас на брегот на појасот Газа, што е прв директен судар по израелската офанзива на територијата. Израелската армија соопшти дека четири од нејзините војници се лесно повредени во обидот да се спречи лансирањето на ракети од северниот дел на Газа. Вчера официјален Израел објави дека "со голема сила"ќе се обиде да ги спречи ракетните напади од таму врз Израел. Во Њујорк, Советот за безбедност на ОН ги повика двете страни едногласно да го прекинат огнот. Досега, ниту Израел ниту припадниците на Хамас во Газа сигнализираат подготвеност да запрат. Израелски воени авиони извршиле серија напади во Газа, вклучувајќи и такви против полициски и безбедносни штабови. Една жена и три-годишно девојче, загинале во воздушните напади,соопштија официјални лица, со што по шестдневните борби бројот на жртвите се искачи на165, од кои многумина се цивили. Во меѓувреме, Франција го повикува Израел да покаже воздржаност во воената кампања во појасот Газа. Францускиот министер за одбрана, Жан-Ив Ле Дријан изјави дека Париз ги осудува ракетните напади на Хамас врз израелски цивили, но упати повик до Израел да покаже воздржаност и да осигура дека цивилните жртви ќе се избегнуваат.

XS
SM
MD
LG