Достапни линкови

Судири на аеродромот во Триполи


Жестоки борби избувнале на меѓународниот аеродром во либискиот главен град, откако анти-исламистичката милиција која го контролира била нападната. Официјални лица соопштуваат дека ракетите ја погодиле внатрешноста на аеродромот во 06:00 часот по локално време и ги прекинале летовите. Веднаш потоа следувале судири меѓу милицијата која го контролира аеродромот и ривалите кои сакаат да ја протераат оттаму. Припадниците на бунтовничка милиција од Зинтан се главните поддржувачи на либералите кои се обидуваат да им се спротивстават на обидите на моќни исламисти за преземање на власта.

XS
SM
MD
LG