Достапни линкови

logo-print

Холандија на третото место


Репрезентацијата на Холандија го освои третото место на Светското првенство во Бразил откако синоќа во „малото финале“ со 3:0 го победи домаќинот Бразил. Холандската репрезентација на тој начин за првпат го освојува бронзениот медал на Мундијалите.На самиот почеток на натпреварот по фаулот на Тиаго Силва над Ариен Робен судијата од Алжир Џамел Хаимуди покажа на белата точка. Сигурен реализтор на пеналот беше Робин Ван Перси во 3.минута. На 2:0 во 17.минута зголеми Далеј Блинд, а голот за конечни 3:0 го постигна Џорџинио Вајналдум во судиското продолжение на вториот дел (90+1). Репрезентативците на Бразил со исклучок на одредени моменти, повторно одиграа слаб натпревар како полуфиналето со Германија. Финалето на Светското првенство меѓу Германија и Аргентина се игра вечер со почеток во 21 часот на стадионот „Маракана“ во Рио де Женеиро.

XS
SM
MD
LG