Достапни линкови

Во понеделник ден на жалост


Поради трагичната хелихоптерска несреќа во која животот го загубија четворица припадници на Министерството за внатршени работи, Владата одлучи понеделник, 14 јули да го прогласи за ден на жалост.

- Во врска со трагичната хеликоптерска несреќа во која животот го загубија четворица припадници на МВР, Драги Мицев, Марјан Трајковиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички, Владата на Република Македонија на денешната седница одлучи понеделник 14 јули да биде прогласен за ден на жалост на целата територија на Република Македонија, се наведува во соопштението од Владата.

XS
SM
MD
LG