Достапни линкови

Нови судири меѓу украинската војска и сепаратистите


Украинскиот совет за национална безбедност и одбрана соопшти дека петмина војници загинале, а 30 биле повредени во судирите со про-руските сепаратисти во источна Украина во текот на изминатите 24 часа.Портпаролот на советот Андиј Лисенко, изјави дека владините контролни пунктови биле под оган 17 пати во текот на ноќта. Најновите инциденти следуваат еден ден откако Украина соопшти дека 23 од нејзините војници биле убиени кога сепаратистите извршиле повеќе ракетни напади врз владините сили во источниот дел на регионот Луганск. Претседателот на Украина Петро Порошенко вети дека ќе ги најде и уништи сепаратистите одговорни за нападот, во кој беа повредени скоро 100 лица.Украинската војска повеќе од три месеци се бори против сепаратистите во источна Украина.

XS
SM
MD
LG