Достапни линкови

logo-print

Бразил и Холандија во борба за третото место


Претпоследниот натпревар на Светското првенство во Бразил ќе го играат домаќинот Бразил и Холандија. И двете селекции во полуфиналето беа поразени, но многу потежок беше поразот (1:7) на Бразил од Германија, отколку пенал елиминацијата на Холандија од Аргентина. Според најавите можно е селекторот на Бразил, Фелипе Сколари да направи неколку промени во тимот, додека неговиот колега од спротивниот табор Луис Ван Гал, е во слична ситуација и ќе треба да ги одбере најдоготвените во финишот на шампионатот. Досега двете репрезентации на Светските првенства имаат одиграно четири натпревари, а Холандија има две победи. „Лалињата“ слевеа на последното СП во Јужна Африка во четвртфиналето победија со 2:1 и пред 40 години на Мундијалот во Германија остварија триумф од 2:0.

XS
SM
MD
LG