Достапни линкови

Путин во посета на Аргентина


Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Аргентина, третата по ред земја од неговата турнеја низ Латинска Америка. Планирано е да се сретне со претседателката Кристина Киршнер, при што двете страни се очекува да потпишат билатерални договори за време на разговорите. Путин пристигна во Аргентина по краток престој во Никарагва, а по посетата на Куба. Во Хавана, Путин и кубанскиот претседател Раул Кастро беа сведоци на потпишувањето на десетина билатерални договори, вклучувајќи го и оној за ископување нафта на брегот островот. Русија, исто така прости 90 проценти од долгот на Куба. Двете земји и Куба и Никарагва беа силни сојузници на Советскиот Сојуз. Од Аргентина, Путин ќе отпатува за Бразил, каде што ќе земе учество на самитот на земјите од БРИКС групата на новите пазарни економии.

XS
SM
MD
LG