Достапни линкови

Канада додаде 14 про-руски сепаратисти на листата со економски санкции


Канада додаде 14 лица на листа на луѓе кои се соочуваат со економски санкции и забрана за патување во текот на украинската криза.На листата се вклучени лидерите на про-руските сепаратисти во источна Украина, но и руски државјани. Премиерот Стивен Харпер во соопштението наведува дека "илегалната окупација на Русија на Кримскскиот полуостров и провокативената воена активност останува сериозен проблем во Канада и меѓународната заедница." Харпер изјави дека Канада го поддржува мировниот план на украинскиот претседател Петро Порошенко и дека Канада ќе продолжи да врши притисок врз Русија со нејзините сојузници и партнери. Најновите санкции на Канада следуваат по денешната одлука на ЕУ, листата на санкции да ја прошири со 11 нови имиња на украински сепаратисти на кои им се забрануваат патувања и им се замрзнати средствата додека трае украинската криза.

XS
SM
MD
LG