Достапни линкови

Најмалку осум повредени во експлозија во Истанбул


Најмалку осум лица се повредени во експлозија што се случила во близина на трамвајската станица во турскиот град Истанбул. Телевизијата Си-Ен-Ен Турк јави дека експлозијата се случила во занаетчиска работилница која се наоѓала во петкатна зграда во квартот Зејтинибурну и оти можна причина е истекување гас.На телевизиските снимки е прикажан чад кој излегува од зградата каде се случила експлозијата, а на местото веднаш пристигнале противпожарни екипи и итна помош. Вчера во експлозија поради истекување гас во југозападниот град Денизли загина едно лице, а 36 беа повредени.

XS
SM
MD
LG