Достапни линкови

logo-print

Нуланд: Хрватска може да стане регионален енергетски центар


Хрватска може да одигра важна улога во гарантирањето на енергетската безбедност во регионот преку диверзификација на можностите за снабдување на европските држави, овозможувајќи им на тој начин да ја намалат својата зависност од рускиот гас, изјави во Дубровник американскиот заменик државен секретар Викторија Нуланд. Спорот меѓу Русија и Украина околу прашањето за цената на гасот може да се одрази врз Европа, која задоволува една третина од своите потреби од рускиот природен гас, а речиси половина од тие испораки минуваат преку Украина. Земјите од централна и источна Европа може да се соочат со повисоки цени на гасот и евентуален недостиг во текот на зимскиот период. Нуланд истакна дека спорот околу цената, анексирањето на Крим од страна на Москва и насилствата во источниот дел на Украина ја потенцираат заканата за енергетската безбедност на Европа.

XS
SM
MD
LG