Достапни линкови

logo-print

Санкции за 11 сепаратисти во источна Украина


Европската унија додаде 11 таканаречени претставници на самопрогласената сепаратистичката република во источна Украина на листата на поединци кои имаат забрана за патување и замрзнување на средствата за време на украинската криза. ЕУ се согласи на ваквите санкции претходно оваа недела, но имињата се објавени денеска.Новите имиња го вклучуваат Александар Бородај, т.н. премиер на самопрогласената Народна Република Доњецк и другите сепаратисти за кои важат овие санкции т.н. заменик-премиер и двајца министри на самопрогласената република. Сепаратистите од Луганск, исто така се во листата, вклучувајќи го т.н. премиер на нивната самопрогласена република. Во моментот ЕУ има изречено санкции против вкупно 72 физички лица и две лица за загрозување на територијалниот интегритет на Украина.

XS
SM
MD
LG