Достапни линкови

Порошенко им се закани на милитантите во источна Украина


Украинскиот претседател Петро Порошенко вети дека решително ќе одговори на убиството на 19 војници од страна на про-руските борци во источниот дел на земјата. Украинското министерството за одбрана соопшти дека 93 војници биле ранети во ракетениот напад вчера утрото во близина на руската граница. Нападот беше неуспех за владините сили, кои навидум стекнаа превласт минатата недела, откако ги истераа про-руските борци од нивното упориште Славјанск. Порошенко изјави дека за секој живот на украинските војници, милитантите ќе платат со десетици и стотици свои и предупреди дека ниту еден терористист нема да може да ја избегне одговорноста. Украинската војска се бори повеќе од три месеци против сепаратистите во источна Украина, а во последните две недели, таа ја намали територијата која беше држана од страна на бунтовниците на половина.

XS
SM
MD
LG