Достапни линкови

logo-print

Путин во непланирана посета на Никарагва


Рускиот претседател Владимир Путин, кој е на шестдневна посета на Латинска Америка, направи непланирана посета на Никарагва. Левичарскиот претседател Даниел Ортега денеска го поздрави Путин на аеродромот во главниот град Манагва. Ова е прв пат на рускиот претседател да ја посети Никарагва, која беше близок сојузник на Советскиот Сојуз за време на 1980-тите. Путин пристигна во Манагва од Хавана каде заедно со кубанскиот претседател Раул Кастро беше сведок на потпишувањето на десетина билатерални договори, вклучувајќи го и оној за истражување на нафта на брегот на островот. Путин, исто така, се сретна со 87-годишниот пензиониран лидер на Куба Фидел Кастро. Путин изјави дека е во потрага по сеопфатни технолошки партнерства со Латинска Америка во голем број области. Следната дестинација му е Аргентина. За време на неговата посета, тој исто така, ќе присуствува на самитот на групата БРИКС на новите народи на пазарот во Бразил.

XS
SM
MD
LG