Достапни линкови

logo-print

Бразил не го признава резултатот и ќе ја бојкотира ФИФА


Владимир Нелоски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Владимир Нелоски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Не е тешко да се препознае зошто ВМРО-ДПМНЕ ги споредуваат со Германците, а СДСМ со Бразилците, пишува претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Oвие денови спласнува фудбалската еуфорија. Финалистите познати веќе неколку дена. Аргентинците по изведувањето на пеналите, а Германците откако супериорно ги прегазија Бразилците на нивен терен, пред нивната публика и им покажаа што значи да се натпреваруваат против тим кој има чесна игра, прецизна тактика, сплотеност, желба за победа и преземање на одговорност. Резултатот познат, 1-7 во корист на Германија. Импресиониран сум од посветеноста на Германците. Едноставно секој предизвик го прифаќаат со најголема важност да не ја изневерат довербата на своите фанови.

Нови 5000 вработувања - Веибо, нови 2000 вработувања - американска компанија оператор за разговор со клиенти. За само една недела - 7000 работни места наменети за младите.

Како поранешен фудбалер можеби главното внимание претходниот месец требаше да ми биде насочено кон СП2014, но работните ангажмани не ми го дозволија тоа. По секој натпревар, кога имав време, со нетрпеливост се вклучував на социјалните мрежи да се насмеам околу ведрите коментари на коментаторското дуо. Намерни или ненамерни, тие станаа значаен дел од ова СП2014. Но, наидов и на твитови, каде што твитерџиите ги советуваа Бразилците да не го признаат резултат против Германија.

Ова работно лето, посетувајќи ја секоја клетка на Унијата на млади сили низ Република Македонија, сфатив дека енергијата, силата, желбата и волјата, чесноста, како и умешноста на младите да се обединат и да се приклучат кон најголемиот политички подмладок на Балканот е она што е еден од главните мотори на ВМРО-ДПМНЕ, како партија која најмногу им посветува внимание на младите.

Бројката на членови на УМС секојдневно расте. Нема поголема гордост од тоа да гледаш како младите го препознаваат вистинскиот сојузник, Никола Груевски. Нови 5000 вработувања - Веибо, нови 2000 вработувања - американска компанија оператор за разговор со клиенти. За само една недела - 7000 работни места наменети за младите. Ветено во предизборната кампања, веќе по само 2 месеци се остварува.

Но, сепак би сакал да се навратам на она што кружеше низ социјалните мрежи и беше проследено со многу позитивни реакции т.е. фудбалско-политичката „анализа“ и споредбата помеѓу Бразилците и СДСМ и Германците и ВМРО-ДПМНЕ. Чесна игра, прецизна германска тактика = Чесна политика, прецизна програма со прецизни рокови. Сплотеноста на германскиот тим = сплотеност помеѓу енергијата на младите и искуството на возрасните. Германската желба за победа и преземање одговорност за предизвици = победа за Македонија и одговорност кон она што ќе им го оставиме во наследство на идните генерации. Кога Германија губеше во полуфиналиња и во финалиња, не обвинуваа никого за нивните порази, туку работеа напорно да постигнат уште повеќе на наредниот мундијал.

Не е тешко да се препознае зошто ВМРО-ДПМНЕ ги споредуваат со Германците, а СДСМ со Бразилците.

Не е тешко да се препознае зошто ВМРО-ДПМНЕ ги споредуваат со Германците, а СДСМ со Бразилците. Патем и убаво кажа голманот на Бразил: „По овој пораз ќе си одиме дома и неколку дена нема да излегуваме од нашите домови“. Е истото ова го направи и СДСМ по изборниот пораз, но Бразилците веќе излегоа во јавноста и им ветија на своите фанови дека ќе работат уште понапорно за да си ги исправат грешките и да ја вратат нивната доверба, а СДСМ сè уште ги нема никаде... И за разлика од СДСМ, на Бразил не им е во план поради поразот да ја бојкотираат ФИФА во наредниве години.

Додека великаните на бразилскиот фудбал истакнаа дека бразилскиот дрес многу од играчите на овој мундијал го носат последен пат, а целата јавност заедно со играчите го прифатија тоа и сфатија дека е време да се сменат генерациите и да се даде шанса на помладите, СДСМ не го направи тоа. Истиот дрес го носат истите играчи веќе над 15 години и најжално се служат со исти блеферски тактики, кои им се познати на сите. Значи, дека мора нешто да променат ако сакаат да бидат силна селекција.

Сепак, драго ми е што младите во ВМРО-ДПМНЕ препознаваат еден силен, чесен, сплотен, енергичен ТИМ, со желба за победа. Пак ќе напоменам, бројката расте секојдневно, не е доцна да ни се приклучите и да допринесете за идните генерации.

За крај, кога сме кај СП2014, само да кажам дека од самиот почеток на мундијалот навивам за Гордиот Албион (Англија) и за Германија и тоа го истакнав неколку пати. Англискиот тим поседува искуство со генерации наназад, но во германскиот тим го препознав чесниот победнички дух, кој секојдневно го среќавам низ клетките на УМС и ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа во финалето навивам за Германија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG