Достапни линкови

Кери ги продолжува разговорите во Кабул


Американскиот државен секретар Џон Кери го продолжува вториот ден средби во Кабул, во обид да се реши спорните претседателски избори во Авганистан. Кери вчера пристигна во Кабул на разговори со двајцата претседателски кандидати, Абдула Абдула и Ашраф Гани, како и со актуелниот претседател Хамид Карзаи. Кери изјави дека Соединетите Држави се обидува да создаде процес кој ќе му даде легитимитет на оној кој ќе се смета за вистински лидер на Авганистан. Прелиминарните резултати од вториот круг гласање на 14 јуни покажуваат водство на Гани, но Абдула го отфрли резултатот нарекувајќи го "државен удар" против народот. Американскиот претседател Барак Обама разговараше со кандидатите изминатава недела, предупредувајќи дека каков било чекор надвор од законот за преземање на власта ќе значи крај на американската финансиска помош за Авганистан.

XS
SM
MD
LG