Достапни линкови

Албанија-Не се мешаме во внатрешните работи на Македонија


Насилството на протестите по пресудата за случајот Монструм

Насилството на протестите по пресудата за случајот Монструм

Министерството за надворешни работи на Албанија денеска соопшти дека земјата останува ангажирана и секогаш на систематски начин ги подржува сувернитетот и територијалниот интегритет на Македонија. Тоа му било соопштено на македонскиот амбасадор во земјата Стојан Карајанов, по прoтестната нота упатена до Албанија поради изнесени ставови и изјави за насилните протести во Македонија по пресудата во случајот „Монструм“.

На амбасадорот му нагласивме дека овие изјави не може да се сметаат за мешање во внатрешните работи на Македонија. Тие се природен израз на загриженост за создaдената ситуација и во истовреме се порака за воздржаност и изнаоѓање решение, стои во соопштението на албанското МНР.

XS
SM
MD
LG