Достапни линкови

Потона брод со имигранти во Грција, 2 жртви


Илустрација

Илустрација

Грчките власти соопштија денеска дека најмалку две лица се удавиле, а 20 се водат за исчезнати кога брод со илегални имигранти потонал во Егејското Море. Според нив, 13 имигранти биле спасени, а се трага по преживеани лица во реонот на бродоломот. Бродот со имигрантите потонал на околу 17 километри северозападно од островот Самос, во близина на границата со Турција. Се уште не е познато од каде потекнуваат имигрантите, ниту нивната возраст.

XS
SM
MD
LG