Достапни линкови

Пилај се сомнева во легалноста на израелската офанзива


Високиот комесар за човекови права на ОН, Нави Пилај

Високиот комесар за човекови права на ОН, Нави Пилај

Високиот комесар за човекови права на ОН, Нави Пилај изрази денеска сомнежи околу легалноста на израелската воена офанзива против Појасот Газа и притоа ги повика двете страни да прекинат со борбите. Според неа, Израел треба во согласност со меѓународните закони да преземе мерки со кои ќе се осигра дека нападите се пропорционални и се прави разлика помеѓу воени и цивилни цели со цел да се избегнат непотребните жртви. Пилај ги повика Хамас и останатите палестински групи да прекинат со нападите врз густо населени области.

XS
SM
MD
LG