Достапни линкови

ПССЕ-Политичките партии да работат за надминување на пречките


Делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која беше во посета на Македонија соопшти денеска дека соодветното место за политичката конфронтација е во Парламентот. Во соопштението објавено во Стразбур, се повикуваат сите политички партии да работат заедно за надминување на пречките за ефективно функционирање на Собранието.

Делегацијата предводена од Стефан Шенах и Роберт Валтер за време на престојот во Македонија се состанаа со премиерот, претседателот на Парламентот, членовите на македонската делегација во ПССЕ, лидери на СДСМ, ДУИ и ДПА, како и со претставници на меѓународните организации и на граѓанското општество.

XS
SM
MD
LG