Достапни линкови

Мирно заврши протестот поради пресудите од Монструм


Заврши протестот кој денеска се одвиваше во знак на незадоволство поради пресудите од случајот Монструм. Некои од редарите на протестот дадоа изјава во која повикуваат на мирно решавање на сите недоразбирања. Уште неколку десетици луѓе се наоѓаат пред трговскиот центар Мавровка, но повеќето од насобраните се вратиле кон Чаир.

Како и минатиот петок, протестите почнаа од Јаја-пашината џамија, а за разлика од минатиот пат, овој пат на протестите имаше редари кои не дозволуваа ситуацијата да ескалира. Демонстрантите скандираа само „Учк“, „Учк“, „Етничка Албанија“ и носеа албански знамиња. На овој протест не можеа да се забележат знамиња на други земји и со верски симболи. Меѓу демонстрантите беше и градоначалникот на Струга Зијадин Села. Откако тој и уште некои од редарите им се обратија на демонстрантите пред Мавровка, тие седнаа на земја.

На смиреност и воздржаност од насилство повикуваа домашните политичари и претставниците на меѓународната заедница во земјава. Амбасадата на САД, од ЕУ и од канцеларијата на ОБСЕ повикаа на мирни протести и воздржување од насилство. Минатотнеделните протести ескалираа пред судот по што полицијата се судри со демонстрантите.

XS
SM
MD
LG