Достапни линкови

Демонстрантите дојдоа до Мавровка и седнаа на земја


Демонстрантите кои протестираат незадоволни од пресудите за случајот Монструм, се приближија до Мавровка, каде што ги чека полицијата. За разлика од минатиот пат, овој пат на протестите има редари кои не дозволуваат ситуацијата да ескалира. Демонстрантите скандираат „Учк“, „Учк“, „Етничка Албанија“, „Сакаме слобода“, „Стоп за монтираните случаи“, „УЧК не е ДУИ, УЧК е со народот“ и носат албански знамиња.

Демонстрантите на чело на поворката носат транспарент-мозаик со ликот на Никола Груевски, на кој пишува „Масакр за Бродец 2007“, „Масакр за Радуше 2010, „Акција Монструм 2012“- ова е мозаикот на злото.

На овој протест не можат да се забележат знамиња на други земји и со верски симболи. Меѓу демонстрантите е и градоначалникот на Струга Зијадин Села. Откако тој и уште некои од редарите им се обратија на демонстрантите, тие седнаа на земја. На смиреност и воздржаност од насилство повикуваат домашните политичари и претставниците на меѓународната заедница во земјава. Амбасадата на САД, од ЕУ и од канцеларијата на ОБСЕ повикаа на мирни протести и воздржување од насилство. Минатотнеделните протести ескалираа пред судот по што полицијата се судри со демонстрантите.

XS
SM
MD
LG