Достапни линкови

Лавров нема да присуствува на нуклеарните преговори


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров нема да присуствува на нуклеарните преговори во Виена, кои ќе се одржат престојниот викенд. Претходно американскиот државен секретар Џон Кери најави дека ќе отпатува за Виена за да види дали на преговорите бил направен напредок во спорните прашања и да ја провери подготвеноста на Иран за преземање критични избори на преговарачката маса. Британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хејг и германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер исто така ќе присуствуваат.

XS
SM
MD
LG