Достапни линкови

logo-print

Украина-Најмалку 30 војници загинале во напади на сепаратистите?


Припадници на украинските владини сили

Припадници на украинските владини сили

Советникот на украинскиот министер за надворешни работи, Зориан Шкириак изјави денеска дека во ракетени напади на сепаратистите во источниот дел на земјата најверојатно загинале најмалку 30 припадници на владините сили. Според него, не е исклучено бројката на жртви да биде зголемена. Нападите доаѓаат во време кога владините сили ја продолжија офанзивата против бунтовниците. Украинските власти соопштија дека најмалку 50 сепаратисти загинале во изминатите денови.

XS
SM
MD
LG